РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ 25.7.2016
Градот Скопје остро реагира на невистините изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ во врска со изградбата на постројката за третман на отпадот на депонијата „Дрисла“.
Ги повикуваме од СДСМ да излезат на терен и со свои очи да се уверат дека на депонијата „Дрисла“ се во тек подготвителните работи за изградба на постројката за третирање на отпадот.
Исто така, не е точен ставот дека доцни инвестицијата на депонијата „Дрисла“ и дека инвеститорот ги пробил роковите за изградба на постројката. Нагласуваме дека рокот за изградба на постројката е 24 месеци од денот на издавањето на градежната дозвола, а градежната дозвола „Дрисла“ ја има добиено во мај, годинава.
Ги повикуваме од СДСМ да не ја залажуваат јавноста со невистини и со паушални и непроверени информации.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
