КИЦ СО БОГАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА 27.7.2016
Утре /27.07.2016 година, среда/, Културно Информативен Центар – Скопје и Градот Скопје, организираат два настани, односно ќе ги реализираат проектите „Скопје чита“ и Циклус „Доаѓаме“, што ќе придонесат за збогатување на културниот живот на граѓаните во овие топли летни денови.
„Скопје чита", е настан кој ќе се одржи на Скопското Кале од 13:00 часот до 20:00 часот.
Голем број еминентни писатели и граѓаните од сите возрасти се поканети да прочитат книжевни текстови како поезија, проза и слободни теми. Ќе се чита на македонски, албански јазик и на други странски јазици.
На плоштадот пред Штуловиот универзитет во Старата скопска чаршија во 21 часот ќе се одржи настанот Циклус “Доаѓаме....“, односно концерт на Џез бендот, Шеки Хоџа & Пријатели и групата XXL – Band.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
