ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ НА КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ 15.3.2018
По повод 74-годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу, делегација на Советот на Град Скопје денеска /25.02.2018 година, недела/ положи свежо цвеќе на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу.
Делегацијата на Советот на Град Скопје беше составена од Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и од Ирена Попова и Александра Јовановска, членови на Советот на Град Скопје.
Со овој чин, делегацијата на Советот на Град Скопје, оддаде почит на ликот и делото на народниот херој, еден од главните организатори на антифашистичкото движење и на народноослободителната борба во Македонија.
Цвеќе, на спомен – плочата на Кузман Јосифовски-Питу, положија и делегации од Општина Карпош, од Сојузот на борци на Македонија од општина Карпош и Град Скопје, како и претставници од основните училишта во општината.
Свои обраќања, за значењето на народниот херој имаа градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претседателот на Градски одбор на Сојуз на борците од НОБ, Трајко Стаматовски.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
