ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“ 26.3.2017
Градот Скопје утре /25.03.2017 година, сабота/ во периодот од 20:30 до 21:30 часот ќе се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ и ќе го исклучи осветлувањето на неколку објекти во центарот на градот.
Осветлувањето ќе биде исклучено на следниве објекти и локации:
- Плоштадот „Македонија“ со спомениците,
- Камениот мост,
- Скопската тврдина Кале,
- Мостот „Око“ и
- Мостот на уметноста.
Утре, во периодот од 20:30 до 21:30 часот поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја“ низ светот ќе ги исклучат светилките и ќе испратат силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.
Оваа светска манифестација е поддржана од организацијата WWF и се спроведува во 170 држави низ светот.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
