АПРИЛИЈАДА 2018 НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ 02.4.2018
Детски културен центар Карпош и Град Скопје во недела, 1 април 2018 година, од 11 до 13 часот на плоштадот Македонија, организираат детска журка „Априлијада 2018 - Скопје се смее“, за сите градинки, училишта и деца од градот Скопје и од околината.
Во дневниот дел од забавата со маски, принцезите, самовилите, кловновите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ “КАРПОШ“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје.
Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а на Плоштад Македонија ќе настапат: ВИС-Аманет (вокално инструментален состав), Александар Митевски, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Трио „Шербет“, Елита Зибериж и Група - „Live Band”, а на крај ќе настапи и диџеј.
Детски културен центар Карпош со конкурси ги повика основните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура, за коишто ќе им додели вредни награди и дипломи. Во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
