ВО РАМКИТЕ НА ПРОМОТИВНАТА ТРКА НА ВИЗ EР СКОПСКИ МАРАТОН, СЕ ОДРЖА АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА 27.4.2017
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |
Денес /09.04.2017 година, недела/ во Градскиот парк се одржа петтата Авицена женска трка, која се одржува како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2017.
На трката присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кои додели дел од наградите за најдобрите во трката.
Оваа трка секоја година добива се поголема популарност и масовност, а оваа година Авицена Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.
На Авицена женска трка учество зедоа рекордни број на учесници, каде за овогодишната трка се пријавија повеќе од 1500 учеснички.
Трката е во должина од 2 километри и медали и дипломи беа доделени за 3-те најдобри натпреварувачки во повеќе возрасни категории, и тоа за возраст до 12, 14, 18, 30, 40, 50 и над 50 години.
Во генералниот пласман на петтата Авицена женска трка победи Бојана Наумовска, која истрча со време од 7:19. Второто место го освои Виолета Ивановиќ, додека трета заврши Мелита Ромих.
Целосните резултати од трката може да се видат на интернет порталот – www.zenskatrka.mk .
Авицена женска трка е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот Маратон 2017.
За посебниот придонес за организацијата на Женската трга, организаторите доделија и благодарница за Градот Скопје.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
