ЧЛЕНОТ НА ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ МЕТИН ХАКВЕРДИ ВО ПОСЕТА НА СКОПЈЕ 12.6.2018
![]() |
![]() |
Градот Скопје, Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Министерството за финансии на Република Македонија организираа прием за Метин Хакверди, член на Парламентот на Сојузна Република Германија.
На приемот кој се одржа во во хотелот „Парк – хотел и спа“ во Скопје, се обрати градоначалникот Шилегов, и притоа се заблагодари за континуираната поддршка што Република Македонија ја добива од СР Германија како и за соработката со Фондацијата „Фридрих Еберт“.
![]() |
![]() |
- Сојузна Република Германија нуди широк спектар на можности за унапредување на бизнисите и подобрување на климата во Македонија, што би придонело за подобри резултатите на бизнис заедницата во земјава. Исто така од особено значење е и подршката што ја добиваме од Фондацијата Фридрих Еберт во областите, граѓанско учество и активизам, социјален дијалог, пристапување на Македонија во Европската Унија и регионалната соработка во Западен Балкан - кажа Шилегов.
Градоначалникот Шилегов најави идна соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ во изготвувањето на новата Стратегија за култура на Град Скопје.
![]() |
![]() |
Метин Хакверди е член на Парламентот на СР Германија (Бундестаг), на комисиите за финансии, буџетирање и Европската унија во германскиот парламент, а воедно е и дел од пратеничката група која го следи прогресот на земјите од Западен Балкан.
На приемот се разговараше за напредокот на Република Македонија и развојот на локалната самоуправа, за реформските процеси и европските интеграции, а се дискутираше и за можностите за продлабочување на соработката во поголем број области.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
