ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 22 НОЕМВРИ –ДЕНОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА 22.11.2017
Градоначалникот Петре Шилегов и заменик - градоначалникот Енвер Малиќи упатија честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.
Негувајќи ја културната различност, го вреднуваме јазикот како обележје на припадност на една заедница.
Стандардизирањето и унифицирањето на азбуката се едни од процесите врз кои се градат културните идентитети на народите. А културните зачетоци се водилка на еден народ.
На 22 ноември 1908 година на Битолскиот Конгрес е унифицирано писмото на Албанците.
Денес, 22 Ноември го одбележуваме како ден на современата албанска азбука. Ова е ден кој треба да не потсети на важноста на јазичните, етничките и на културните различности на едно современо, мултикултурно и мултиетничко општество.
По тој повод, на нашите сограѓани од албанската заедница им го честитаме 22 Ноември – Денот на албанската азбука.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
