ИСЧИСТЕНО ЗЕЛЕНИЛОТО НА УЛИЦАТА ЛАЗАР ЛИЧЕНОВСКИ 09.4.2016
Во текот на изминатите денови, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ ги чистеа зелените јавни површини на улицата Лазар Личеновски на потегот од Американска амбасада до новиот објект на Град Скопје, како и кејот на реката Вардар пред објектот.
Работниците ја чистеа нискостеблеста вегетација на кејот на реката Вардар и го собираа отадот од тревните површини.
Исто така, екипите на јавните претпријатија ги чистеа тревните површини и вегатацијата на двете страни на улицата Лазар Личеновски и откако ги исчистија тревниците од отпадоци, смет и градежен отпад, извршија косење на тревата.
Во текот на чистењето се отстранети 6 камиони со искорната нискостеблеста вегетација и 3 камиони со градежен отпад, шут и кабаст отпад.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
