ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ДВЕТЕ СТРАНИ ОД КОРИТОТО НА ВАРДАР 22.8.2018
Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ги продолжуваат активностите за чистење на коритото на реката Вардар.
На потегот од булеварот 8.Септември до мостот „Гоце Делчев“, од двете страни на реката, деновиве машински се коси ниската и високата вегетација, а се отстранува и наталожената мил и песокот од коритото на Вардар.
Како дел од овие активности се чистат и камењата на косините, како и фугите меѓу камењата. Таму каде што има потреба фугите се затвораат со цементен малтер.
Чистењето и уредувањето на кејот на реката Вардар ќе продолжи и во наредниот период, а во акцијата се вклучени и јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
