ВО БУТЕЛ ЗАПОЧНА ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ 10.12.2017
Неколку стотици новоангажирани работници, покрај постоечките човечки ресурси и механизација на јавните претпријатија и скопските општини, денеска во општина Бутел ја започнаа големата генералка на Градот. Целта на оваа голема акција е чистење и миење на улиците од прашината која со години се таложи и претставува една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето во градот.
Со оваа голема акција ќе бидат опфатени сите 10 општини во Скопје, каде чистењето и миењето на улици ќе се одвива во секоја општина по неколку денови, а доколку дозволат временските услови, се планира истата да заврши за 20-ина дена. По завршувањето на чистењето на улиците, работната активности ќе продолжат на кејот на реката Вардар.
За оваа акција Град Скопје ангажираше неколку стотини невработени лица кои се повикани во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Градот Скопје ги повикува и другите институции, бизнисите и здруженијата на граѓани, во рамките на своите можности, да се приклучат во акцијата и да помогнат во чистењето на улиците.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
