СЕ ЧИСТИ КОРИТОТО НА РЕКАТА ВАРДАР 18.8.2017
Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2017 година, по налог на Градот, екипи на ЈП Улици и патишта Скопје спроведувaaт активности за чистење на коритото на реката Вардар.
На потегот од Камениот мост до хотелот Холидеј Ин, екипите рачно ја чистат нискостеблеста вегетација од косините и од кејот на реката Вардар, а со багери машински се чисти и коритото од градежен шут и од наносите на надојдените води од обилните врнежи на дожд.
Рачното чистење на вегетацијата, како и машинското чистеше на минор коритото на реката Вардар, во централното градско подрачје ќе продолжи и во текот на наредните денови.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
