Донација на Македонски Телеком и Град Скопје за детската болница - Козле 21.3.2018
Македонски Телеком и Град Скопје, денеска ја предадоа донацијата од два медицински апарати на Инситутот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Донацијата е реализирана со пренамена на средствата што беа планирани за прославата за Нова година и е во износ од 10. 000 евра.
„Донесовме правилна одлука, заедно со градот Скопје – да ги пренамениме средствата планирани за прослава, за донација на медицински апарати, со кои ќе се подобри здравјето и квалитетот на живот на децата. Го избравме Козле, зошто е единствена установа од ваков тип во земјата, каде што дневно се прегледуваат над 200 деца, од најрана возраст“. – изјави Андреас Елснер, главниот извршен директор на Македонски Телеком.
„Здравјето на нашите деца без исклучок е на врвот на приоритетите на Град Скопје. Ја користиме секоја пригода безусловно да придонесеме за унапредување на квалитетот на животот на најмладите. Затоа одговорно ја користиме секоја ситуација која е во интерес на детското здравје“ – изјави Петре Шилегов, градоначалник на град Скопје.
Донацијата ја прими медицинскиот директор д-р Ангелчо Андоновски, кој се заблагодари и истакна дека со апаратите ќе се подобри дијагностиката, ќе се намали времето на чекање и ќе се овозможи терапија за поголем број на пациенти.
Болницата за белодробни заболувања кај децата - Козле е водечки Институт во нашата земја, но и регионот за комплексни респираторни заболувања кај децата.
Целта на Институтот е да обезбеди целосна педијатриска нега на пациентите.
Институтот годишно згрижува 39.000 деца, од кои 4.000 се хоспитализираат, а 35.000 се лекуваат амбулантски.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
