ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТА И БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ ВО ФОКУСОТ НА ЕНМ 2017 27.9.2017
Како дел од активностите во четвртиот ден од Европската недела на мобилност 2017, утре /19.09.2017 година, вторник/ Градот Скопје за граѓаните ќе понуди различна програма посветена на алтернативното и одржливо движење, според агендата:
10.00 – 12.00 часот
Технички кампус
Електричен полигон
Град Скопје, НВО Електромобилност, ЈП „Градски паркинг“, ФЕИТ и Машински факултет.
Настан за промовирање на електромобилноста во Скопје. Презентација на електрично возило, електрични мопеди, електрични велосипеди, мали електрични возила и слично.
10.00 – 13.00 часот
СУГС „Боро Петрушевски“
Сообраќајна култура
- Камион училница - Лабораторија на тркала, едукација за придобивките од користењето одржлив транспорт и ефектите врз природата, климатските промени и СО2 емисиите. Камионот се снабдува со енергија од соларни панели.
- Брзинска трка со велосипеди.
- Презентација на практичните умеења на учениците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ (изложба).
- Велосипедски сообраќај - искуства и предизвици.
- „Сообраќајни правила и прописи за безбедност во сообраќајот“.
Од 16 часот на раскрсницата кај Соборниот храм ќе се организира и герила акција со едукативни пораки за одржлив транспорт.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
