ФЕСТИВАЛ НА ОРГАНСКА ХРАНА ВО ПАРКОТ „ЖЕНА БОРЕЦ“ 26.6.2017
Под мотото „Да ги победиме лошите животни навики - градиме здрава, зелена и органска иднина!“ денеска /10.06.2017 година/ во паркот „Жена Борец“ се одржува седмиот по ред Фестивал на органска храна.
Целта на фестивалот е да биде дестинација за презентација, промоција и дегустација на органска и здрава храна преку која граѓаните ќе имаат можност да добијат повеќе информации за здравиот начин на живеење.
Во изложбениот дел - Органска улица - се претставуваат голем број органски производители преку промоција и дегустација на нивните производи, застапена е богата едукативно-забавна програма, со работилници за сите возрасти и дебати за здравиот начин на исхрана, многу музика, спорт и рекреација.
Оваа традиционална манифестација се одржува под покровителство на Градот Скопје, а во организација на Друштвото за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството Скопје.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
