ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ „ТРЕМОЛО 2017” 22.5.2017
Од 19 до 21 мај 2017 година, Градот Скопје и Детскиот културен центар – „Карпош“ ќе го организираат интернационалниот фестивал за класична гитара „Тремоло“.
По осми пат во Скопје и во Македонија ќе се одржи интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови. Членови на жирито се прочуените гитаристи: Влатко Стефановски, Тони Китановски, Мартин Крајчо, Дејан Лазаревски, Миле Ѓорѓевски, Немања Клинчаров и Бојан Гажоски.
Исто така, на задоволство на скопската публика ќе се одржат два концерта во Културно информативниот центар - Салон 19/19, на 19 и на 20 мај од 19 часот. На 21 мај ќе се одржи настап на победниците на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“, во 18 часот. Влезот е бесплатен.
ПРОГРАМА
19 мај 2017 година (петок)
ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ
Мартин Крајчо, Братислава, Чешка
Дејан Лазаревски, Штип, Македонија
КИЦ - Салон 19/19 од 19 часот
20 мај 2017 година (сабота)
Тони Китановски, Скопје, Македонија
Влатко Стефановски, Скопје, Македонија
КИЦ - Салон 19/19 од 19 часот
21 мај 2017 година (недела)
Концерт на победници по категории – класична гитара
ДКЦ „Карпош“ -18 часот
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
