ПОЖАРОТ НАД СЕЛО БАРОВО ИЗГАСЕН, СЕ ИНТЕРВЕНИРА ВО КРУШОПЕК 06.9.2017
Екипите на штабот за заштита и спасување дејствуваат на терен во насока на гаснење на активните пожари кои се појавија на повеќе локации во скопскиот регион.
Денеска екипите на Противпожарната бригада на Скопје, како и екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ интервенираа на пожар на борова шума над село Барово, во подножјето на планината Водно.
На терен интервенираа над 40 луѓе со 8 специјални возила, при што пожарот е изгасен, а екипите внимателно ќе ја следат состојбата на терен.
Пожар е пријавен и во населеното место Крушопек, Општина Сарај, каде веднаш на терен излегоа екипите на Противпожарната бригада на Скопје и интервенираат на терен.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
