ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 15.2.2018
![]() |
![]() |
По повод 146 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Советот на Град Скопје, составена од претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и членовите на Советот на Град Скопје, Ирена Попова и Игор Вељаноски, денеска (04.02.2018 година, недела), положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ – Скопје.
![]() |
![]() |
Цвеќе, на гробот на Гоце Делчев, положија и делегации од Владата на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија, од АРМ, претставници на политички партии, образовни и научни институции, здруженија, како и голем број граѓани од нашата земја и странство. Со овој чин, Делегацијата на Советот на Град Скопје, оддаде почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење, на еден од најистакнатите водачи и идеолози на македонската ослободителна борба, од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
