ОДБЕЛЕЖАНИ 145 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 03.3.2017
![]() |
![]() |
Градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска /04.02.2017 година, сабота/ по повод 145 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев, положија цвеќиња на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.
На гробот на нашиот револуционер Гоце Делчев цвеќиња и венци положија: делегација од Владата на Република Македонија; делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија; делегација од Собранието на Република Македонија; делегација од АРМ; делегации на политички партии; здруженија и граѓани почитувачи на неговата борба за слобода и на неговото дело.
Во црквата „Свети Спас“ беше одржана Панихида на Македонската православна црква по повод раѓањето на македонскиот национален херој и великан, а настапи и мешаниот градски хор „Вардар“ под диригенската палка на м-р Јасмина Ѓорѓеска.
Еден час подоцна, Делегација од Советот на Град Скопје положија цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
.jpg)
