35-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ НА МАНДОЛИНСКИОТ ОРКЕСТАР НА МКЦ 18.5.2017
Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар од Скопје под диригентската палка на Ванчо Јовчев, вечер /27 април/, во 20 часот, во салата „25 Мај“ (Дансинг сала) на МКЦ, со свечен концерт ќе го одбележи својот 35-годишен јубилеј.
Членовите на оркестарот од сите генерации собрани по овој убав повод ќе изведат дела од Бах, Огински, Брамс, Пучини, Марчело, Вагнер, Хрисиќ, Трајковски, Бранѓолица,... како и неизбежното „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски.
Солисти ќе бидат: Здравко Ангелов - кларинет, Гонце Богоромова - сопран, Јане Дунимаглоски - тенор и Ана Димовска - обоа.
Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар (некогашен Дом на млади „25 Мај“) е основан во 1981 година од академскиот музичар Рамадан Шукри. Низ годините зад диригентскиот пулт застанаа и нашиот врвен диригент Сашо Татарчевски, а на една од турнеите во Португалија како гостин-диригент и Вања Николовски Ѓумар. Во моментов со ансамблот, освојувач на врвни државни и меѓународни награди и признанија, раководи Ванчо Јовчев. Повеќе од 3 децении оркестарот добиваше стоечки овации, освен од домашната, и од публиката во Португалија, Шпанија, Белгија, Полска, Чешка, Австрија, Данска, Шкотска, Унгарија, Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Грција, Бугарија,...
Влезот за концертот во четврток е слободен.
Опстојувањето и програмата на Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар се реализираат со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
