КАРАТЕ ТУРНИР „ГАЗИ БАБА ОПЕН 2016“ 20.4.2016
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во спортската сала во ООУ „Наум Наумовски Борче“, денеска /02.04.2016 година, сабота/ го означија почетокот на најголемиот карате турнир во нашата земја од меѓународен карактер „Гази Баба Опен 2016“.
На турнирот кој се одржува по јубилеен 10-ти пат ќе настапат натпреварувачи во сите категории од 6 до 16 години од 12 земји, како Словенија, Србија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија, Украина, Грција, Австрија и Бугарија.
На овогодинешното издание на меѓународниот карате турнир се очекува да настапат околу 800 натпреварувачи и истиот е во организација на карате клубот „Тигар“ од Скопје.
И оваа година меѓународниот карате турнирот „Гази Баба Опен 2016“ е финансиски поддржан од страна на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје




