10 ИЗДАНИЕ НА „ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА!“ 23.6.2017
Во Градскиот парк во Скопје, вечер /22.06.207 година, четврток/ со почеток во 21 часот, под отворено небо, ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња - „Пинк Флојд“!
Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“, ни ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар, односно Македонска филхармонија ќе изведува дел од нивните многубројни хитови.
Диригирањето и аранжманот се на Џијан Емин, а како солист (вокал и гитара) ќе настапи Ади Имери.
И годинава, како и изминатите години, на подарок присутните ќе добијат добра книга - „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог.
Организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, исто така, на публиката ќе и дадат можност да ужива во ликовните перформанси, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
