СЕ ОДРЖА КРОС ТРКАТА „ГАЗИ БАБА ХЦ ЧЕЛИНЏ“ 21.3.2016
Денеска /06.03.2016 година, недела/ на патеките во паркот на природата „Гази Баба“ се одржа крос трката „Гази Баба ХЦ Челинџ“ (Гази Баба XC Challenge).
На крос трката учество зедоа повеќе од 100 натпреварувачи во машка и женска категорија, а стартот на трката го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Крос трката „Гази Баба ХЦ Челинџ“ се одржа во машка и женска категорија, каде натпреварувачите во машка категорија трчаа 8.000, а натпреварувачите во женска категорија 5.000 метри.
На овогодинешното издание на крос трката „Гази Баба ХЦ Челинџ“ се постигнаа следните резултати:
1 место Милош Ранчиќ
2 место Дарио Ивановски
3 место Атанас Анчевски
1 место Андријана Поп Арсова
2 место Маргарета Мојсовска
3 место Ивона Кафеџиска
Главен покровител на крос трката „Гази Баба ХЦ Челинџ“ е Град Скопје, додека истата ја организираше атлетскиот клуб „Индјуренс“ од Скопје.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa



