ДАНИЕЛ ДОНЧЕВСКИ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО СКОПЈЕ 05.2.2016
Даниел Дончевски од населбата Маџари го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје, кој традиционално се спушта по повод православниот празник Богојавление-Водици.
Пред неколку илјади присутни, Даниел беше најсреќен од повеќе од 200 лица кои беа во трка по светиот крст, а ова е четврт пат да го фати крстот.
Церемонијата започна со светата Василиева Божествена Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ предводена од поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, и со спуштањето на светиот крст во водите на реката Вардар.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на Даниел му додели златник и опков на Евангелието.
Организатор на манифестацијата е Скопската епархија на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.
Градот Скопје годинава активно се вклучи во организацијата на оваа манифестација, каде ангажирани беа и поголем број на јавни претпријатија на Градот Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
