ИНТЕНЗИВНО СЕ МИЈАТ БУЛЕВАРИТЕ И УЛИЦИТЕ НИЗ ГРАДОТ 10.3.2017
![]() |
![]() |
Во насока на намалување на загадувањето на воздухот со коешто сме соочени во последниве неколку дена екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје започнаa со спроведување на мерките што Градот Скопје ги донесе, односно во текот на изминатата ноќ и во текот на денешниов ден со пет автоцистерни се врши машинско миење на поголемите улици и булевари во Градот.
Интензивно се мијат и улиците во скопските општини Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Карпош.
Булеварите Борис Трајковски, Јане Сандански, Илинден и Партизански одреди, како и улицата Самоилава и други улици, исто така, се чистат и со четири специјални комунални возила – метлачки.
Во текот на целиот денешен ден, вкупно 215 работници вршат рачно метење и собирање на отпадоците, како и расчистување на остатоците од снегот и мразот на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се чисти Старата Чаршија, пешачките патеки и тротоарите на поголемите булевари, раскрсници и на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата, Кејот 13-ти Ноември, како и пристапите до поголемите институции.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи машинси да ги мие улиците и во текот на ноќта.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
.jpg)
