НОВА ПОДВИЖНА БИБЛИОТЕКА - БИБЛИОБУС 05.3.2019
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје изминатиот период набави нова подвижна библиотека – Библиобус.
Подвижната библиотека - Библиобус е адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици и има за цел промоција на книгата, достапност на информациите, развој на културата на читање, како и создавање навика за читање кај детската популација.
Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта во Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.
Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план. Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки и клонови. Учениците се ослободени од наплата на амортизација на позајмените книги.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
