ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ПОРТАЛИ 2019“ 22.3.2019
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчеравечер во Музеј на Град Скопје ја отвори изложбата „Портали 2019“, по повод одбележувањето на 21 март - “Европскиот ден на уметничка креативност“.
Изложбата е организирана од Град Скопје и Музеј на Град Скопје во рамките на проектот CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) ко-финансисран од програмата „Креативна Европа“ на Европската комисија.
„Портали“ претставува изложбен концепт преку кој Музеј на град Скопје и Градот Скопје, на домашната публика, но истовремено и на европската јавност во периодот од 2018-2021 година ќе им ги претставуваат идеите и делата на плејада млади уметници од Скопје, во рамките на проектот CreArt-Мрежа на градови за уметничко творештво.
На изложбата ќе бидат претставени делата на Александра Ацеска, Ана Јовановска, Ива Станковска, Ивана Мојсовска, Игор Таневски, Кристијан Јованоски, Кристијан Тодоров,Тамара Антевска Бајдевска и Филип Ивановски-Пепе.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
.jpg)
.jpg)
.jpg)
