ВО ПРЕСРЕТ НА БУРАТА „АНДРЕА“ ЗАСЕДАВА ГРАДСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ 12.5.2019
Во пресрет на бурата „Андреа“ која што се очекува да го зафати регионот во наредните денови и да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 литри на квадратен метар, во Град Скопје заседаваше вонреден кризен штаб со кој што претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“.
На состанокот беа координирани активностите и се поделија обврските помеѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и останатите општини и државни институции. Пред почетокот на бурата, екипите на „Водовод и канализација“ ги проверуваат шахтите и одводите на критичните точки низ градот, додека екипите на ЈП „Улици и Патишта” главните одводни канали во Скопје.
Апелираме на исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и близу одводните канали. Дополнително, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје

