НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ ВО ГРАДСКИОТ КОНКУРС ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ВО ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 25.7.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /28.06.2017 година, среда/ ги додели наградите на најдобрите во традиционалниот градски конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта во Скопје.
- Градот Скопје во рамките на традиционалното одбележување на „Денови на пролетта - Денови на екологијата“, распиша Јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување), најубаво уреден двор (институција) и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и средните училишта. Градот Скопје го реализира овој конкурс со цел потикнување што поголема грижа за животната средина, како и за мотивирање на учениците што повеќе да се грижат за средината во која што живеат. Овој проект има одлични резултати во однос на подигнувањето на свеста за заштитата на животната средина и веќе традиционално се одржува секоја година – рече градоначалникот Трајановски.
Јавниот конкурс беше објавен на 21.03.2017 година и траеше до 16.05.2017 година. Пристигнатите пријави беа разгледани од Kомисија формирана од претставници од секторите на Град Скопје.
На традиционалниот градски конкурс на Град Скопје оваа година наградени се:
I. Категорија: Најеколошка компанија - Градежен институт Македонија АД Скопје
Наградата е доделена на оваа фирма која има прикажано успешна примена на стандардот ИСО 14001 и придонес во зачувување на животната средина;
II. Категорија: Најголем придонес за заштита на животната средина и природата
- Елколект ДОО
Наградена е компанијата која е колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Наградата ќе биде донирана на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.
III. Категорија: Најубаво уреден двор
1. Двор во индивидуално домување - Весна Игњатовиќ;
2. Најубаво уреден двор на институција - ООУ „25 МАЈ“ Скопје;
IV. Категорија: Најубав состав на тема екологија
1. За основно образование - Леузана Асани, VI-1 одделение при ООУ „25 Мај“
2. За средно образование - Симона Симоновска - СУГС „Раде Јовчески Корчагин“ – Скопје
V. Категорија: Најубав цртеж на тема екологија
- Ева Карамановска, VII Б одделение при ООУ „Рајко Жинзифов“ Скопје
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
