ГОЛЕМ БРОЈ НАСТАНИ ВО СКОПЈЕ СО ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД НАНЧАНГ 04.2.2016
Наредниве неколку денови официјална делегација на збратимениот град Нанчанг (Народна Република Кина) ќе го посети Скопје.
Во четврток /04.02.2016 година/ градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе оствари средба со официјална делегација од Нанчанг, предводена од Веи Гуохуа (Wei Guohua), заменик директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг.
Вечерта во Македонскиот народен театар, по повод Кинеската Нова Година, културниот ансамбл од Нанчанг пред присутните ќе ја презентира нивната музика и танци.
Ова е втора година по ред Кинеската Нова Година да биде одбележана во Скопје со голем број културни настани и манифестации.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
