НВО САЕМ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО И АКТИВНО ГРАЃАНСТВО 07.12.2017
На 6-ти декември (среда) во Младинскиот културен центар (МКД), по трет пат ќе се одржи Саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје. Работниот дел на саемот ќе започне во 11 часот со форумите за вмрежување на присутните здруженија/фондации, а во 13 часот ќе биде официјално отворен за посетители.
Оваа година НВО саемот ќе се одржи под мотото „Активно граѓанство = подобро општество“.
На третиот НВО саем е предвидено свои презентации да имаат голем број здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат за бенефит на граѓаните на Скопје. И оваа година учесниците за подобро вмрежување ќе имаат можност да ги презентираат своите активности пред јавноста и другите здруженија, да разменат искуства и да дадат сугестии за понатамошна соработка, а ќе бидат организирани и три тематски трибини.
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството.
Овој саем е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
