ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ ОД РУТА 2 24.12.2016
Продолжуваат активностите за реконструкција и изградба на велосипедските патеки во Скопје, преку реализација на проектите од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“.
Во 2016 година екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ работеа на велосипедските патеки долж булеварите и улиците составени од Рутата 2 од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“.
По асфалтирањето на велосипедските патеки деновиве започна акција за обележување на истите и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација.
Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги обележуваа патеките долж булеварот „Партизански одреди“ од Карпош кон Влае, како и на потегот пред Градежниот факултет. Во наредните денови же се бележат велосипедските патеки на бул. „ВМРО“, како и на бул. „Јане Сандански“ во општина Аеродром.
Рутата 2 од проектот „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров.
Таа ги опфаќа булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, Кеј 13 Ноември, плоштадот „Македонија“, булеварот ВМРО и булеварот Партизански одреди до Порта Влае.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
