ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ ГО ОТВОРИ ПАТОТ МЕЃУ САРАЈ И РАШЧЕ 12.7.2018
Од денеска патувањето меѓу Рашче и Скопје е пократко за пет километри.
Градоначалникот Шилегов присуствуваше на отворањето за сообраќај на новиот пат што ги поврза двете населени места.
- Изградбата на овој пат е доказ дека кога има соработка помеѓу институциите и граѓаните може да создадеме нешто ново и корисно за сите нас. Решаваме повеќедецениски проблем за жителите на Рашче и околните населени места. Тие повеќе нема да мораат да кружат преку Кондово каде што патот често се поплавува, туку директно ќе можат да патуваат преку новиот пат. На оваа локација е изграден нов алтернативен пат до Рашче и изворот Рашче во должина од 3,5 километри и ширина од 5 метри. Патот е направен како резултат на меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај. На терен работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“, а материјалите ги обезбеди приватен инвеститор – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Овој пат е изграден со голема помош на околните жители, а ќе биде од корист и на населените места, Копаница, Бојане и Кондово. Жителите од овие населени места во секојдневното движење ќе патуваат пократко, побезбедно и ќе го избегнат метежот од стариот пат преку Кондово.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
