СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ПИВТИЈАДА 2016” 08.2.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска /19.01.2015 година, вторник/ на плоштадот во населбата Автокоманда ја отворија традиционалната манифестација “Пивтијада 2016”.
Пивтијадата која што се одржува по осми пат, и оваа година има продажен и хуманитарен карактер.
Манифестацијата "Пивтијада 2016" е во организација на Општина Гази Баба, а средствата собрани од продажбата на пивтиите ќе бидат наменети за Детската клиника.
На овогодинешната манифестација учество зедоа жителите од сите месни и урбани заедници од Гази Баба, членките на Организација на жени Гази Баба, Здружение на пензионери на Гази Баба и ресторани од подрачјето на општината.
Исто така, манифестацијата имаше и натпреварувачки карактер, каде се наградуваа најубаво декорирани пивтии во две категории: аматери и професионалци:
Во категоријата аматери, награди добија:
Стојна Трајановска
Надежда Кирковска
Катерина Петреска
Во категоријата професионалци, наградата ја доби ресторанот „Дојрана“.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
