ПОРИБЕНИ ВОДИТЕ НА ВАРДАР 08.6.2017
Во организација на Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат и Министерсвото за животната средина и просторно планирање, денеска /09.05.2017 година, вторник/ во водите на реката Вардар, кај хотелот Александар Палас, беа пуштени 10. 000 парчиња македонска ендемична пастрмка (Salmo macedonicus Karaman,1924).
Одделението за туризам, при Секторот за ЛЕР, во своите – Програми за развој на туризмот и подобрување на условите за престој на туристите на градот Скопје од 2008, до 2017 година, ја предвидува и реализира и активноста - Порибување на водите во Р. Македонија, односно водите на реката Вардар и Треска и езерото Матка.
Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак. Доколку ова не се направи постои реална опасност засекогаш да се изгубат овои специфични видови риба, наше природно богатство и наш симбол.
Исто така, проектот ќе придонесе за заштита на македонската пастрмка како дел од богатото природно наследство, збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов, подигање на свеста кај јавноста, зајакнување на улогата на туризмот и учество на заедницата во туристичките активности со цел да се воспостави економски возможен, одржлив и локално базиран еколошки туризам.
На порибувањето присуствуваа претставници од Град Скопје, од Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат, претставници од Министерсвото за животната средина и просторно планирање и од Институтот за сточарство, Одделение за рибарство.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
