ПОТСЕТУВАЊЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ КОИ НЕМААТ ПОДМИРЕНО ОБВРСКИ ЗА 2016 ГОДИНА 08.2.2018
Секторот за финансиски прашања на Град Скопје ги известува сите правни и физички лица, коишто имаат заостаната обврска, неплатен данок на имот за 2016 година, итно да ја подмират својата обврска.
Законот за даноци ги обврзува единиците на локалната самоуправа, доколку во определен рок, поточно до крајот на календарската година за која е пристигната даночната обврска не е подмирена, да спроведат постапка за присилна наплата на данокот на имот, како за правните, така и за физичките лица.
Постапката за присилна наплата за данокот на имот за 2016 година е во тек и за да се избегне непотребното блокирање на трансакциските и жиро сметките, апелираме и ги потсетуваме обврзниците уште еднаш да си ги проверат уплатите за 2016 година и доколку не ја платиле обврската, веднаш да ја подмират.
- ВЕСТИ
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
