ГРАД СКОПЈЕ ДОСТАВУВА ПОТВРДИ ЗА БРУТО ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ 16.2.2018
Согласно со член 77, став 1 од Законот за персоналниот данок на доход (Службен весник на РМ бр. 80/93.....,199/15,23/16), Град Скопје по пошта достави Потврда за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година, до сите физички лица кои по различен основ имаат остварено приход од Град Скопје /субвенции за печки на пелети, субвенции за велосипеди и слично/.
Потврдата за остварени приходи од Градот Скопје треба да послужи за пополнување на Годишната даночна пријава која даночните обврзници се должни да ја поднесат до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 - ти март 2018 година.
Градот Скопје ги известува граѓаните коишто нема да добијат Потврда за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година дека истата ќе може да ја подигнат во Град Скопје, Сектор за финансиски прашања (барака 7), секој работен ден од 09 до 15 часот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
