ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КОНДОВО 25.8.2017
Вчеравечер голем пожар го зафати просторот во близина на селото Кондово во Општина Сарај.
На терен веднаш излегоа повеќе од 40 пожарникари и возила од Противпожарната бригада на Скопје, како и голем број на луѓе и механизација од јавното претпријатие „комунална хигиена“ кои цела ноќ се бореа со огнената стихија и не дозволија истата да ги зафати куќите.
Пожарот е ставен под контрола, куќите во селото Кондово се надвор од опасност да бидат опфатени од пожарот, а екипите на Противпожарната бригада на Скопје ќе интервенираат на терен до целосното гаснење на пожарот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
