ПРЕКОП НА КРСТОСНИЦАТА ПОМЕЃУ БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ СО УЛИЦА МОСКОВСКА 07.3.2017
Град Скопје ја известува јавноста дека претстојниов викенд (4 и 5 март 2017 година) ќе се извршуваат градежни работи – попречен прекоп, на крстосницата помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Московска.
Прекопот се прави заради изведба на приклучок, а се работи во рамките на проектот за изградба на нов фекален колектор по должината на булеварот Партизански одреди, на потегот од булеварот 8 Септември до улицата Московска.
Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и своето движење да го приспособат на условите на теренот.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
