УЛИЦА МАКЕДОНИЈА ПРЕПОЛНА ЗА ПРВАТА ВЕЧЕР ОД ЗАБАВАТА СУПЕР СКОПЈЕ 10.9.2017
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Големата забава „Супер Скопје“ се префрла на улица Македонија, каде овој викенд ќе помине во знакот на домашните изведувачи. Во фантастична забава и неверојатна атмосфера помина првата вечер од „Супер Скопје“ која овој викенд забавата се одржува на улицата Македонија. Улица Македонија беше преполна и се бараше место повеќе, каде присутните имаа можност да уживаат во одличните настапи на поголем број на изведувачи.
Оваа вечер за одличната забава се погрижија Ди Џеј Дела и составот Ај Кју, а спектакуларен крај на вечерта стави фантастичниот настап на Каролина Гочева.
Супер Скопје на улица Македонија продолжува и вечерва со почеток во 22 часот, каде посетителите ќе се забавуваат со Тамара Тодевска, како и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе.
Проектот „Супер Скопје“ се реализира во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје, а истата доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Програмата и изборот на изведувачите, исто така, е правена по директен предлог на угостителите.
Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).
За потсетување, согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час .
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
