ЕКИПИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ НА ТЕРЕН ГИ РАСЧИСТУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ 29.6.2017
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |
Екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно работат на терен за расчистување на штетите кои беа предизвикани од големото невреме кое вчера /14.06.2017 година, среда/ го погоди Скопје и регионот.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска го посети расадникот на ЈП „Паркови и зеленило“, каде градот предизвика поголема материјална штета на објектите (стаклениците) и зеленилото.
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ вчера и денеска работат на расчистување на последиците од невремето, каде на повеќе места е евидентирано оштетување на дрвја и зеленило. Екипите работат со соодветна механизација на расчистување на паднати дрва, искршени крошни на стебла и искршени гранки од невремето, а на терен е евидентирано и оштетување на дел од цветните површини низ градското зеленило.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“ со екипи и механизација работат на терен на чистење на сливници и шахти на целата територија на Скопје, но најмногу во Радишани, Бутел, Автокоманда, Чаир и Ченто.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ на терен беа ангажирани на бул. Александар Македонски каде со механизација чистеа наноси на земја и песок.
По обилните врнежи на дожд и град на поголем број на локации во Скопје се појавија поплави на неколку локации во Скопје, како што се подвозникот на бул. Киро Глигоров (кај Бриколаж) и клучката кај хотел Континентал.
На овие локации краток период се создадоа потешкотии во одвивањето на сообраќајот, а по интервенцијата на ЈП „Водовод и канализација“ и екипите на Противпожарната бригада на Скопје, состојбата за многу краток период се нормализира и сообраќајот се одвива непречено и без застој.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
