РЕАКЦИЈА 10.5.2018
Градот Скопје реагира и ја демантира содржината на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со ново воведената А0 зона за паркирање и промената на сообраќајниот режим за движење до Средно Водно за време на викендите и државните празници. На истата беа изнесени невистини и селективно презентирани информации со која се дезинформираат и манипулираат граѓаните.
Сакаме да потенцираме дека останува на сила бесплатниот автобуски превоз и паркинг за сите коишто сакаат да го посетат Водно, а со новата услуга која ќе се воведе во наредниот период, ќе се овозможи бесплатен паркинг за возилата на лицата со посебни потреби.
Самиот паркинг деновиве ќе биде уреден, а ќе се постават и заштитни банкини и столпчиња за да се оневозможи паркирање на самиот пат.
Сите средства коишто ќе бидат собрани од паркирањето на Средно Водно ќе бидат наменети за одржување на парк-шумата Водно.
За сите лица кои сакаа да го посетат Водно се воведе бесплатен автобуски превоз во Средно Водно, како и бесплатен паркинг за сите посетители во катната гаража „Македонска фаланга“ (спроти централната зграда на Макпетрол) и на отворените паркинзи на „Градски паркинг“ кај новиот Цветен пазар. Целта на оваа мерка е да се зголеми пристапноста и се дава дополнителни алтернативи за сите оние кои сакаат да го посетат и да рекреираат на Водно.
Ја информираме јавноста дека изминатиов период Градот Скопје имплементира поголем број на решенија чија главна цел е стимулирање на граѓаните кои го посетуваат Водно тоа да го прават користејќи го бесплатниот јавен превоз и други алтернативни методи, а да го дестимулира користењето на личните автомобили.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
