РЕАКЦИЈА 12.4.2018
Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени вчера (20.03.2018 година) на интернет порталите во кои се тврди дека кратко по враќањето на 50 во ГТЦ, оваа постојка повторно е затворена, со што се манипулира јавноста.
Ве информираме дека пренасочувањето на движењето на автобусот со број 50 е привремено заради изведување градежни работи, односно се врши реконструкција на улицата којашто минува под ГТЦ. По завршувањето на оваа реконструкција автобусите повторно ќе застануваат на автобуската постојка во подрумот на ГТЦ. Воедно, сакаме да Ве потсетиме дека за повторното отворање на оваа постојка не беа потрошени финансиски средства на Град Скопје.
Во тој контекст сакаме да ја информираме јавноста дека медиумите не треба да ги доведуваат во заблуда корисниците на ЈСП изнесувајќи полувистини и претставувајќи ги привремените сообраќајни режими како постојани.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
