РЕКОНСТРУИРАНИ АВТОБУСКИТЕ СТОЈАЛИШТА КАЈ ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ 23.8.2017
Екипите на Град Скопје деновиве ги реконструираа автобуските стојалишта на булеварот Партизански одреди, пред Градежниот факултет и отспротива.
На автобуската станица пред Градежниот факултет беше изгребан стариот вдлабнат и оштетен асфалт на должина од 160 метри, извршена санација на долниот тампонски слој, вградена полимерна мрежа и беше нанесен нов асфалтен слој.
На автобуската станица ТЦ „Буњаковец“, наспроти Градежниот факултет, коловозот беше реконструиран на должина од 160 метри. На терен беше изгребан стариот вдлабнат и оштетен асфалт, извршена санација на долниот тампонски слој, вградена полимерна мрежа и беше нанесен нов асфалтен слој.
На реконструкција на двете автобуски стојалишта на булеварот Партизански одреди, пред Градежниот факултет и отспротива, работеа екипите на градежната компанија „Бауер БГ“. Градот Скопје за овој градежен зафат вложи вкупно околу 4 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
