ИЗВЕДЕНА СЛОЖЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА КАЈ НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК НА БУЛЕВАРОТ СРБИЈА 27.9.2017
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во текот на изминативе денови извршија реконструкција на два цевковода од водоводната мрежа (Ф 700 милиметри и Ф 400 милиметри) кај новиот кружен тек што се формира на улицата Христо Татарчев и булеварот Србија, поради што без вода останаа корисниците од населбите Ново Лисиче и Аеродром. Во увид на градежните работи на оваа мрежа вчера /17.09.2017 година/ беше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
.jpg)
На терен беше извршен ископ и беа поставени нови водоводни цевки и други придружни елементи. Станува збор за многу сложен зафат каков што во Скопје не е изведен во последниве 20 години.
.jpg)
Оваа реконструкција ќе ги олесни евентуалните идни интервенции на водоводната мрежа, доколку за тоа се јави потреба, а ќе придонесе и за поквалитетно водоснабдување во овој дел на градот.
.jpg)
По завршувањето на интервенцијата е нормализирано водоснабдувањето во населбите Ново Лисиче и Аеродром. Градот Скопје упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои се соочија поради прекинот во водоснабдувањето и им благодари на разбирањето.
.jpg)
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
