УТРЕ ПОД МОТОТО „ВОЗИМЕ КОН ИДНИНАТА“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ „РОЛЕР ТРКАТА 2017“ 21.4.2017
Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ од Скопје веќе шеста година ја организираат „Ролер трката 2017“. Во оваа спортска манифестација, чие мото е „Возиме кон иднината“, ќе учествуваат училиштата од градот и од околината на Скопје. Целта на оваа рекреативна масовна акција, која ќе се одржи утре /21 април 2017 година, петок/ во 12 часот на булевар „Илинден“, е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.
Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).
Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба.Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна.
Годинава очекуваме во трката да учествуваат деца од над 30 основни училишта од градот и од околината, а ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
