„СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“ 2016 01.4.2016
Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје, утре / 1 април (петок) во 11 часот на Плоштад Македонија, за сите училишта, градинки и деца на град Скопје, традиционално ја организираат Манифестацијата „Априлијада“-Скопје се смее.
На плоштадот ќе биде присутен и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во дневниот дел од забавата со маски, ќе учествуваат многу кловнови, ќе има балони, песнички, игри, забава со секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ “КАРПОШ“, децата од Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.
Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на Плоштад Македонија ќе настапат: Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова,Сашо Гигов –Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, Групата - THE NOISE MAKERS, маскирани посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, да не откриваме се, а за крај Диџеј.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
