СКОПЈЕ И ВИЕНА ВОСПОСТАВУВААТ БЛИСКИ ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ 09.5.2018
Градоначалникот Шилегов во рамките на работната посета во Виена денеска имаше средби со Градоначалникот и Претседател на Покраината Виена д-р Михаел Хојпл.
.jpg)
На средбата, градоначалниците дискутираа за развојните визии на новото градско раководство, како и за идеите и праксата што Виена може да му ги пренесе на Скопје на ова поле. Исто така, на средбата беа разменети и искуства за градското зонско паркирање и паркинг просторот во двата градови.
.jpg)
Шилегов во текот на денешниот ден, оствари средба и со заменик- градоначалникот на Виена, Марија Василаку, која е одговорна за урбанизам и сообраќај, заштита на животна средина, енергетско планирање и учество на граѓаните во креирање јавни градски политики во Виена. На оваа средба, Шилегов и Василаку разговараа за јавниот транспорт и негово ефикасно воспоставување, за проектите на споделување велосипеди, како и за развојот на Скопје во енергетско ефикасен, зелен и паметен град.
.jpg)
Покрај овие две средби, градоначалникот Шилегов се сретна и со раководителот на Туристичкото здружение на Виена, Норберт Кетнер, и пратеникот на Покраинското собрание Омер - Ал Рами.
.jpg)
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
