ФРЛЕНИ 280 ТОНИ СОЛ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ И БУЛЕВАРИ 27.1.2016
![]() |
![]() |
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие фрлија 280 тони сол за расчистување на снегот од градските улици и булевари.
Денеска екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат мразот од тротоарите, а екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги чистат шахтите и сливниците.
Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa


