ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ТОРИНО, РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА 04.4.2016
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /21.03.2016 година, понеделник/ оствари средба со делегација од Торино, Република Италија, како и со амбасадорот на Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.
Делегацијата беше составена со претставници од администрацијата на Градот Торино од сферите на меѓународната соработка, урбанизмот и сообраќајот, претставници на стопанската комора на Торино, како и професори од катедрата за архитектура и дизајн при Универзитетот на Торино (Department of Architecture and Design of the Polytechnic of Torino).
Градоначалникот Трајановски на гостите од Торино им пожела добредојде и убав престој во Скопје. Тој изјави дека соработката помеѓу Скопје и Торино е на високо ниво, особено по потпишувањето на Договор за пријателство и соработка од 2012 година, а досега се остварени соработки во областа на урбанизмот, сообраќајот, архитектурата и меѓународните проекти.
Амбасадорот Белели истакна дека соработката меѓу Република Македонија и Република Италија е на високо ниво, а одличната соработка помеѓу Скопје и Торино е одличен пример за развивање на истите и на локално ниво.
Делегацијата од Торино во наредниве два дена ќе оствари повеќе средби и работни состаноци со претставници на повеќе факултети при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, државни инстутиции и организации.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
